Соларни ќелии и енергетски апликации

Соларни ќелии и енергетски апликации


  • Solar
  • Користење на енергетска ефикасност со Merck

    Климатските промени и високата цена на енергијата отвори нов пазар за извори на обновлива енергија. Фотонапонските модули тука играат клучна улога, и овозможуваат користење на ефикасноста на соларната енергија. Најважните технологии вклучуваат кристални силиконски ќелии, боја-сензибилизирани соларни ќелии и органски фотонапонски ќелии.

    Базирано на особините на секоја технологија, различните апликации овозможуваат собирање на соларна енергија при различни светлосни услови, постигнувајќи најдобри можни конверзиони стапки при најниски производствени трошоци. Merck го поддржува развојот на нови технологии, материјали лесни за употреба и формули за денешните и идните соларни ќелии.

    Новите фотонапонски материјали и формули на Merck се дополнети со процесни хемикалии за печатење и за хемиско обложување кои се користат за изработка на соларни ќелии. На пример, производителите на кристалните соларни ќелии користат структурни материјали на кои може да се печати од групата на isishape® производи. Тие ги подобруваат особините на ќелиите и го прават производството еколошко.

    Другите производи содржат органски семикондуктори за флексибилни, цврсти и органски соларни ќелии на кои може да се печати, а се достапни во палетите на производи lisicon® и livilux®. Merck, исто така, е добавувач и за livion® електролити и Solarpur® електролитни компненти за боја-сензибилизирани соларни ќелии, кои имаат супериорен квалитет и перформанс.

    Прочитај повеќе