Печатење и Пластика

Печатење и Пластика


  • Printing-and-Plastics
  • Печатење

    За извонредно печатење: Ефектни пигменти од Merck

    Се зависи од материалите и технологијата
    Атрактивниот и препознатливиот дизајн на пакувањето на производот го прават попривлечен и ја нагласуваат неговата функцијалност. Затоа, дизајнерот треба да го искористи искуството за материјали и технологии на координаторот на производството уште при развојната фаза на стилизирањето со ефектните пигменти. Карактеристиките на материјалите за печатење, бојата за печатење, технологијата на печатење и пигментот мора да се имаат во предвид за да се обезбеди дека дизајнот на пакувањето е соодветен на бараниот. Исто така, од есенцијално значење е да постои високо ниво на техничко разбирање помеѓу партнерите во подоцните фази на имплементација, со цел да се имплемтира планираниот дизајн и да се избегнат допонителни напори.

    Соодветниот пигмент за секој процес на печатење
    Ефектните пигменти на Merck може да се користат во гравур, флексо, скрин и офсет печатење и во офсет обложување. Колку е потенок слојот толку е поинтензивен ефектот. Во скрин печатењето, на пример, може да се нанесе до десет пати повеќе боја на површината во однос на офсет печатењето. Различни фамилии на производи се препорачани за различни процеси на печатење, зависно од разликите во големина на честичките и физичките особини.

    Пластика

    За Фасцинантна пластика: Ефектни пигменти од Merck

    Пигментите за сјај ја рафинираат термоластиката
    Со пластиката се среќаваме во сите полиња од животот. Во пакувањата, предмети за домаќинство, играчки или електроника – таа го потенцира производот и ја зголемуваа неговата привлечност и фунционалност преку атрактивниот и специфичен дизајн. Merck сјајните пигменти ја рафинираат термопластиката – класично поле кадешто се користат ефектните пигменти во индустријата за пластика. Површини со атрактивни визуелни особини може да се постигнат со соодветна комбинација на пигменти за сјај на пластиката.

    Уникатна разновидност на ефектно стилизирање
    Со нивната разновидност и во комбинација со различни видови на пластика и различни боења, портфолиото на Merck нуди вистински неограничена разновидност на ефективно стилизирање. Тука, постигнатиот сјај не зависи само од избраниот пигемент. Особините на термопластичната пластика играат значајна улога во ефектот, резултирајќи со различен и фасцинирачки ефект со високо транспарентни, транслуцентни и непровидни материјали.

    Функционалните пигменти заштитуваат, поврзуваат и рефлектираат
    Модерните технологии за пигменти не се единствените кои им даваат на пластиката и печатените производи – поинтензивна боја и ги прават поатрактивни. Ефектните пигменти имаат и свои- практични предности. На пример, Merck нуди системско решение кое испорачува ефективна заштита на производите и брендовите. Безбедносните пигменти не може да се копираат.

    Користењето на пигменти од серијата Iriotec® 8000 овозможуваат трајно заварување на пластиката и нејзино маркирање со ласерска радијација. Ова го прави ласерското маркирање на тастатури и шишиња, на пример, брзо и прецизно. Пигмети кои ја одбивааат топлината од Iriotec® 9000 серијата се коритат во апликации каде е потребна светлина но со мала топлина. Употребувајќи селективна трансмисија, тие пропуштаат голема количина на сончева светлина а притоа ја одбиваат соларно-термалната радијација.

    Прочитај повеќе