Осветлување

Осветлување


  • Lighting
  • Чекорење во посветла иднина со Merck

    Денешната технологија на осветлување со халогени и флуоресцентни ламби е развиена врз основа на традиционалната светлечка ламба. Поради еколошки причини повеќе внимание се посветува на штедливите ламби.

    Традиционалните производи кои сеуште се достапни на пазарот содржат штетни материи за организмот. За разлика од ова неорганските ЛЕД не се штетни за природата и имаат висока енергетска ефективност. Поради ова ЛЕД се повеќе се користат во комерцијалните производи. ЛЕД светилките овозможуваат објектите да се појават во нивната природна боја (висок CRI – Color Rendering Index).

    Истовремено, следната генерација на извори на светлина, се развива во истражувачките лаборатории низ светот – ОЛЕД (органски светлосно емитирачки диоди) може да произведат светлина од чисти органски материи. Оваа технологија ќе отвори нови можности во технологијата и апликациите. Во блиска соработка со водечките компании на пазарот, Merck е доверлив партнер во развојот на иновативните материјали за технологиите на иднината на ЛЕД и ОЛЕД.

    Прочитај повеќе