Обложување

Обложување


  • Coatings
  • Ефектни Пигменти за Бои и Облоги

    Во каросериите на автомобилите, архитектурата, електронските уреди и производи за секојдневна употреба – денес ги среќаваме ефектите на пигментите насекаде околу нас. Тие ја штитат површината и придонесуваат во дизајнот и атрактивноста на производот.

    Merck има развиено сеопфатно портфолио на производи кое содржи голем број на декоративни и фукционални пигменти за ефективно боење и обложување за внатрешни и надворешни апликации.

    Декоративните пигменти ги истакнуваат функционалните бенефити

    Како еден од најуспешните производители на пигменти во светот, Merck има креирано широка палета на производи со уникатна разновидност на боја, сјај, блескавост и рефлексија. Во автомобилското обојување, обложувањето со прав, дисперзирањето на боја и со многу други опции за апликација, тие додаваат вредност на широка палета на производи.

    Тие ги потенцираат нивните функционални предности во однос на другите производи на пазарот. Специјалниот дополнителен слој на обложување, им дава на нашите пигменти отпорност на временски промени – боите за автомобилската индустрија и за фасадите остануваат со долготраен сјај и интензитет на боја.

    Функционални пигменти со дополнителни придобивки

    Во портфолиото на производи на Merck постојат и функционални пигменти со особини на кондуктивност и топлотна-рефлексија, кои ги олеснуваат процесите на производство.

    Прочитај повеќе