Екран / Дисплеј

Екран / Дисплеј


  • Display
  • Течните кристали од Merck оживуваат комуникација

    Искуството на одличен домашен театар или кристално чиста слика на навигаторскиот систем: Течните кристали од Merck ја обезбедуваат магијата на остро чистата слика на мониторите – кое не можеме да го обезбедиме без секојдневната комуникација. Тие се наоѓаат како во големите екрани така и во мобилните телефони, електронските игри и дигиталните камери.

    Merck разви специјални смеси на течни кристали за сите видови на екрани. Со повеќе од 40 години искуство во полето на течни кристали, Merck е водечки производител на материјали за екрани со течни кристали. (ЛЦД- liquid cristal display). Merck исто така произведува материјали за органски светлечки диоди (ОЛЕД).

    Како лидер во иновативност, Merck постојано развива нови технологии и нови пазари за неговите клиенти во тесна соработка со одделот за истражување и развој во индустријата на екрани. Напредните ЛЦД материјали и високо квалитетните смеси на течни кристали развиени од лабораториите на Merck, а специјално наменети за клиентите, се исто така соодветни за реализирање на идеите и аликациите во иднина.

    Прочитај повеќе