Реагенси, Хемикалии и Лабораториска опрема

Реагенси, Хемикалии и Лабораториска опрема


  • Reagents Chemicals Labware
  • Растворувачи
    Извонреден квалитет со опсежни спецификации обезбедува максимум сигурност за скоро сите апликации во аналитичките лаборатории. Нашето целосно интегрирано решение вклучува растворувачи, документација, пакувања соодветни на апликациите и додатоци за безбедност.

    Пептиди и Високо-проточни органски синтези
    Преку 1000 Novabiochem® реагенси со неспоредлив квалитет за пептидни синтези, HT органска хемија, обележани пептиди и производство на продукти по избор.

    Органска Синтеза
    Широко портфолио од околу 10.000 производи за лабoраториjа и производство со органски синтези. Нашиот ранг на производи се движи од материјали за создавање врски, реагенси и раствори до катализатори и специјални неоргански соединенија, достапни во големини од грами до тони, за да се задоволат потребите на научните институции и индустријата.

    Неоргански реагенси
    Сеопфатно портфолио кое нуди највисок квалитет, најниско онечистување и голем број на определени параметри, оптимизирани за употреба во хемиски лаборатории, а во согласност со ACS, Reag. Ph Eur и ISO стандардите.

    Чистење на лабораториска опрема
    Extran® производите обезбедуваат сигурно чистење без остатоци, преку користење на биоразградливи состојки кои не содржат отрови. Достапна е и валидацијата како поддршка за да го докаже отсуството на сурфактанти.

    Лабораториска опрема
    Секогаш кога Ви требаат целосни спецификации за автоматска компатибилност или конзистентност од лот до лот во перформансите на мембраните, одберете ги нашите стерилни филтри, центрифуги, плочи со многу отвори (multiwell), опрема за култивација (cultureware) и микрофлуидни уреди.

    Биохемикалии за истражување
    Широк спектар на биохемикалии од реагенси за општа употреба, како што се антибиотиците, пуферите, детергентите, боите и супстратите, до биохемикалии за специфични анализи.

    Помагала за филтрирање
    Верувајте во уредите на Merck Millipore за мембран филтрација при собирање и подготовка на примероци, мобилни фази и пуфери за да се добие резултат со највисок квалитет од анализата.

    Прочитај повеќе