Биофармацевтско Производство

Биофармацевтско Производство


  • Biopharmaceutical Manufacturing
  • Постојан и сигурен перформанс е клучот за развој на лекови и успешно производство – тоа значи избор на партнер кој што ги разбира Вашите цели и може да обезбеди се што Ви е потребно од единствен и докажан извор. Со безбедни производи, сеопфатна експертиза и незаменлива регулаторна поддршка, ние можеме да Ви помогнеме да ја подобрите конзистентноста на производот и истиот да биде пласиран на пазарот многу побрзо.

    Нашите алатки за развој наменети за мали серии, потрошен материјал, опрема и системи од нерѓосувачки челик или за еднократна употреба, интегрирани технологии, апликации, процес на валидација и квалификација на опрема и услуги за развој на процеси Ве подржуваат од развој до сериско производство. Нашиот оддел за GMP производство може да Ви обезбеди активни супстанции произведени според GMP стандардите брзо и ефикасно.

    • Изолација на компоненти за финален производ
    • Собирање на живи клетки
    • Изолација и пречистување на материјали
    • Активни супстанци
    • Формулација
    • Биофармацевтски услуги

    Ние работиме со цел да ја намалиме комплексноста, да ја подобриме продуктивноста, да го намалиме ризикот и трошоците, како и да допринесеме за поголема доверба на производителите од фармацевтската индустрија. На овој начин заедно обезбедуваме квалитет, биорасположливост и безбедност на лековите испорачани на глобалниот пазар, кои го подобруваат квалитетот на живеењето.

    Прочитај повеќе