Визија и Мисија

ВИЗИЈА
Варус е компанија која делува на географското подрачје на Македонија, Албанија и Косово. Преку активностите кои ги спроведуваме ние постојано генерираме додадена вредност за потрошувачите, вработените, сопственикот и општеството. Следејќи ги барањата на нашите потрошувачи ние обезбедуваме постојан раст и развој. Сите промени ги доживуваме како нови можности. Нашата компанија е пазарен лидер на пазарите каде што делува.
МИСИЈА
Ние, во Варус, се стремиме кон успех во се што работиме. Нашата мисија е успешно да делуваме на пазарите каде што сме присутни. Преку внимателни истражувања и понуда на интелегентни решенија отвораме нови можности за нашите потрошувачи. Нашата компанија е целосно посветена кон обука и развој на сите вработени. Создавајќи вредност за нашите потрошувачи допринесуваме за растот и развојот на компанијата, како и за целото опкружување.
|