Профил

Профил


  • varus
  • ВАРУС ДООЕЛ од Скопје е едно од првите приватни друштва за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала, основано во 1990 година, со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите.

    Првите почетоци се базираат на ексклузивно застапување на најстарата хемиско-фармацевтска компанија на свет Merck KGaA, Германија за територијата на Р. Македонија во доменот на хемикали, реагенси, лабораториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала. Од 1995 година, Варус активно врши промоција, промет и дистрибуција на палетата на лекови на Merck.

    Денес, ВАРУС делува на географското подрачје на Македонија, Албанија и Косово. Преку внимателни истражувања на пазарите, анализа на можностите и ограничувањата, нашата компанија и понатаму испорачува услуги и производи, кои ги надминуваат очекувањата на потрошувачите.