Визија и Мисија

Визија и Мисија


  • Vision and Mission
  • Визија

    Нашата основна визија е Варус да стане значаен регионален добавувач на фармацевтски производи, хемиски производи и лабораториска опрема, без да прави било каков компромис во однос на квалитетот на своите производи и услуги. Во истата насока ќе работиме напорно на градење партнерства со најголемите светски производители за да станеме нивна доверлива продолжена рака за регионот на Западен Балкан и пошироко.

    Мисија

    Ние во Варус се стремиме кон успех во сѐ што работиме и токму поради тоа, нашата мисија е успешно да делуваме на пазарите каде што сме присутни. Преку внимателните истражувања и понудата на интелигентни решенија, ние отвораме нови можности за нашите потрошувачи. Според тоа, создавајќи вредност за нашите потрошувачи допринесуваме за растот и развојот на компанијата како и за целото опкружување.