НОВ ТРЕТМАН

 Прв лек после 30 години во третманот на сквамозен карцином на глава и врат се спречува растот на малигните клетки, метастатските клетки, создавање на крвни садови кои го исхрануваат туморското ткиво и контролирано се уништуваат малигните клетки

Германската фармацевтска компанија Merck KGaA, Дармштадт неодамна ги објави резултатите од интернационалната рандомизирана студија во примената на Еrbitux (cеtuximab), моноклонално антитело од типот IgG1 во комбинација со радиотерапија кај пациентите со локален напреднат сквамозен карцином на глава и врат.

Оваа студија покажа дека додавањето на Еrbitux (cеtuximab) кон радиотерапијата го продолжува преживувањето на 20 месеци во однос на 9,5 месеци кај пациентите кои примале само радиотерапија и го редуцирале ризикот од смртност за 26%.
Исто така оваа комбинирана терапија резултирала и со 32% редукција од ризикот за повторно јавување на овој тип карцином.

Сквамозниот карцином на глава и врат се јавува кај 6 отсто од вкупниот број малигноми ширум светот. Во повеќето земји, почест е кај мажи отколку кај жени и кај луѓе постари од 50 години. Во Европа, приближно 100 000 нови случаи се дијагностицираат секоја година, вклучувајќи го канцерот на јазик, уста, ждрело и грло. Смртноста е мошне висока и се јавува кај повеќе од 39 000 пациенти. Овој тип на карцином е поврзан со пушењето и пиењето на алкохол.

Појавата на Еrbitux (cеtuximab) претставува револуционерно откритие бидејќи речиси 30 години овој тип на карцином бил третиран единствено само со радиотерапија.

Дејството на Еrbitux (cеtuximab) се состои во тоа што ова моноклонално антитело се врзува за одредени рецептори на површината на малигните клетки и на тој начин го завзема местото на стимулаторите за растот и развојот на овие клетки, кои исто така имаат афинитет кон овие рецептори. Така се спречува растот на малигните клетки, создавањето на крвни садови кои го исхрануваат туморското ткиво и контролирано се уништуваат малигните клетки.

Еrbitux (cеtuximab) се применува и кај пациенти со карцином на дебелото црево со или без метастази уште од крајот на 2003 година. Резултатите се мошне оптимистички: кај 23 отсто од пациентите се намалил волуменот на канцерот за повеќе од половина, а кај 56 отсто се стопирал растот на туморот, додека резултатите од една понова студија говорат дека Еrbitux (cеtuximab) во комбинација со цитостатици дал позитивен одговор на терапијата дури кај 81 отсто кај пациентите.
Еrbitux (cеtuximab) претставува единствен лек кој е високо ефикасен во трета линија кај метастатски карцином на дебелото црево (FDA, Септември 2005).

Препаратот наскоро ќе биде регистриран и во нашата земја, но и покрај тоа истиот може да се набави по препорака на лекарите од соодветна институција.

 

Новости

12 Декември 2011
Работилница со производители на млеко и млечни производи

18-18 Ноември 2011
Состанок со Здружение на специјалисти по санитарна и токсиколошка хемија

12-16 Октомври 2011
Прв македонски Конгрес на Патолози со Меѓународно Учество во Охрид

Октомври 2011
Промена на референтни цени на лекови кои се на листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено Осигурување

Октомври 2011
Нов образец за требување на лекови од Листата на лекови со референтни цени кои паѓаат на товар на ФЗО

5-9 Октомври 2011
Учество на 5-ти Конгрес на Педијатри на Македонија со меѓународно учество

21-25 Септември 2011
Учество на 5-ти Конгрес на Фармацевтите на Македонија со меѓународно учество

01.06.2011
Застапување на програмата на реномираната фирма Bruker

Bruker - апликации храна

23.06.2010
Работилница со производители на вино, Скопје

07.05.2010
Состанок со здружение на патолози, Скопје

16.04.2010
Годишно фармацевтско собрание

31.03.2010
Семинар Микробилогија - Merck - Скопје / Holiday Inn

 

КВИЗ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ